Om СЕРИСКО УБИСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Сериските убиjци не се нова појава, но на овие простори прв пат се соочуваме со ваква вест. Случаите на сериските убиства во Република Македонија, јавноста ги има примено во голема доза на изненаденост, зачуденост, нешто што само се случува во филмовите. Врз интензитетот на сериските убиства влијаат семејството како основна единица на општество од која се учат основните човекови и општествени вредности и пошироката општествена средина т.е. државата. Освен семејството и општеството, социјалната околина на човековото живеење има интензивно влијание врз самата појава на сериско убиство, па затоа сериските убиства треба да се гледаат како збир (сплет) на комплицирани, не така едноставни, сложени процеси, процеси поврзани со психолошката состојба на серискиот убиец и околностите, причините од кои настанало, се појавило ова дело. Човекот сам по себе претставува сложено суштество, но воедно е и израз на општествените односи и околности.
Vis mer