Gjør som tusenvis av andre bokelskere
Abonner på vårt nyhetsbrev og få rabatter og inspirasjon til din neste leseopplevelse.
Ved å abonnere godtar du vår personvernerklæring.Du kan når som helst melde deg av våre nyhetsbrev.
Книгата е резултат на магистерскиот труд на Авторката насловен како "Менаџмент на знаење, предметно индексирање и класификација во функција на информациското пребарување". Даден е преглед и анализа на системите за организација на знаење, кои претставуваат алатки за систематско организирање и презентирање на знаењето. Разработен е тематскиот пристап до информациите преку користење на системи за организација на знаење, во кои што знаењето е групирано, ажурирано и менаџирано според сродни врски. Попрецизно, одреден домен на знаење е организиран во рамка и во зависност од заедничките елементи или компоненти, истиот домен е хиерархиски дефиниран во категории, класи или групи, подгрупи итн. Со примена на системите за организација на знаење се овозможува ефикасно и продуктивно насочување на бараните содржини при процесот на информациско пребарување. Цел на истражувањето е трагање и пронаоѓање прецизна, точна и навремена информација во дигиталните бази на податоци застапени како на интернет, така и во комерцијални, корпорациски, организациски или институционални портали.
Abonner på vårt nyhetsbrev og få rabatter og inspirasjon til din neste leseopplevelse.
Ved å abonnere godtar du vår personvernerklæring.